МК мрежа за домашни миленици
Информации за нас
MKPETNET претставува интернет платформа за домашни миленици каде можете да закажете термини да огласувате, вдомувате и продавате домашни миленици, како страница за дигитално закажување и управување на термини со матичниот ветеринар, грумер и пет пансион.
Најважната функција на нашата платформа претставува можноста за регистрацијата на Вашиот домашен миленик, со што добивате можност да ја потврдите Вашата сопственост.
Ние сме доброволна иницијатива со цел да се промовираат високите стандарди поврзани со сопствеништвото на миленици, како и веродостојна платформа за сите љубители на животни за огласување вдомување и продажба на домашни миленици преку интернет.
Член на EUROPETNET
Платформата МКPETNET претставува прва платформа на територија на Република Северна Македонија, и е член на европската база за домашни миленици EUROPETNET и истата претставува наша матична страница.
EUROPETNET претставува база за водење евиденција на сопствеништво на домашни миленици на нивно на Европа. Да се биде член на оваа платформа овозможува достапност на голема мрежа на регистрирани домашни миленици.
Со регистрација на нашата страница и внесување на микрочипот, Вашиот миленик автоматски станува дел од нашата база на миленици и матичната база на EUROPETNET. На следниов линк за пребарување, можете да ја потврдите вашата сопственост на европско ниво.
Регистрација
ВАЖНО: За да да ги користите услугите на МКПЕТНЕТ претходно треба да се регистрирате како сопственик на домашен миленик. Регистрацијата е бесплатна и можете да ја направите тука.
Со бесплатно регисрирање на системот имате можност да ја користите и услугата на МКПЕТНЕТ 24/7 закажување на термини во реално време. Сопствениците на домашни миленици го прескокнуваат телефонскиот повик и точно закажуваат посети во било кое време, каде и да се.
Со регистрацијата во системот ќе имате пристап до формулар/барање за издавање на сертификат за вашиот домашен миленик со што вие и вашиот миленик ќе станете член и на ЕУРОПЕТНЕТ.

Услуги
* Со бесплатно регистирање можете да ги користите сите онлајн услуги

Издавање на сертификат
МКПЕТНЕТ врши издавање на дигитални сертификат за вашиот домашен миленик со што вие и вашиот миленик ќе станете член и на ЕУРОПЕТНЕТ, европска база за домашни миленици.

Промена на сопственост
МКПЕТНЕТ овозможува лесен и брз начин на промена на сопствеништво на миленици кај сосптвениците.

Проверка на сопственост
Со нашиот систем МКПЕТНЕТ можете во било кое време, место и уред да обезбедите и проверите сопственишто на регистриран миленик во базата, преку персонализиран QR код.

Објава на изгубени/најдени миленици
МКПЕТНЕТ платформата нуди едноставен начин да го пријавите вашиот миленик за изгубен со цел полесно да се лоцира и спои со сосптвеникот.

24/7 закажување на термини
МКПЕТНЕТ 24/7 овозможува закажување на термини во реално време. Со бесплатно регистрирање на системот, сопствениците на домашни миленици го прескокнуваат телефонскиот повик и точно закажуваат посети во било кое време, каде и да се.

Рекламирање и продажба (Во изработка)
✓ Издавање на сертификат за сопственост
✓ Интегриран систем за промена на сопственост
✓ Интегриран систем за објава на Изгубени/Најдени миленици
✓ Интегриран систем за закажување на термини кај даватели на услуги
✓ Интегриран систем за рекламирање и продажба на домашни миленичиња (Во изработка)
Најавете се
Сопственици и одгледувачи
За да се најавите на системот, ве молиме изберете го копчето подолу. Потоа ќе бидете пренасочени на нашиот сервер.

Ценовник
- Дигитален сертификат за сопственост, еднократно издавање, на куче – 300 денари
- Дигитален сертификат за сопственост, еднократко издавање, на мачка – Бесплатно
- Промена на сопственост на миленик – 150 денари, по миленик
- Печатен сертификат, еднократен – 600 денари + достава
Начин на плаќање
Плаќањето може да се изврши електронски преку вашиот профил со најава на системот или со поштенска нарачка (ПП30)
Во полето Цел на уплата внесете “Уплата за сертификат“
Без овие податоци, плаќањето не може да се верификува!
Уплатата испратете ја на:
Стопанска банка АД Скопје
Жиро сметка: 2 0000 2616262167
Примач: МВИ-ИЛГЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ
Дали имате прашања?
Социјални мрежи
Е-пошта
Работни часови
- Понеделник — Петок: 09:00 – 17:00 ч.
- Сабота — 10:00 – 15:00 ч.
- Недела — Затворено
